Валенсија тргнува по Аријан Адеми!

Аријан Адеми се наоѓа на мета на шпанскиот гигант Валенсија, јавува „Марка“. Наводно капитенот на „модрите“ е голема желба на тимот на Валенсија и на тренерот Џенаро Гатузо.

Шпанскиот тим има проблеми со средниот ред, а решение бара во Адеми кој одлично би се вклопил во стилот на Гатузо.

Од „Марка“ најавуваат дека парите не би требало да се проблем за Валенсија, со оглед дека лесно би можеле да ги задоволат условите на Динамо и на самиот фудбалер. Но, постои друг проблем. А тоа е интересот за капитенот на Динамо од два англиски тима.

Исто така „Марка“ јавува дека ова можеби е последна шанса за трансфер на Адеми, кој има договор со „модрите“ од Загреб до 2026 година.

Се вчитува...