Шпанскиот прволигаш Валенсија е на добар пат да обезбеди пласман во Лигата на шампионите следната сезона, а раководството на клубот веќе размислува за потенцијалните засилувања што би биле ангажирани во летниот преоден рок. Една од желбите на тренерот Марселињо Гарсија и раководството на клубот е аргентинскиот интернационалец Хавиер Пасторе.
Тој беше поврзуван со трансфер на „Месталја“ и оваа зима, но, сепак, остана во Париз. Јасно е дека Пари Сен Жермен ќе мора да продава дел од фудбалерите во летниот преоден рок и Хавиер Пасторе е на листата за заминувања, иако веројатно конечниот збор ќе го има новиот тренер, кој се најавува дека треба да го наследи Унаи Емери на клупата по завршувањето на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА