Валенсија во последен момент го „краде“ Икарди!?

Вистински пресврт на неколку часа пред крајот на преодниот рок со трансферот на Мауро Икарди.

Иако интензивно изминативе денови се нагласуваше дека Икарди ќе мора да бира меѓу Наполи и Атлетико Мадрид, во последен момент сериозен интерес за членот на Интер покажа и Валенсија. Со тоа што Валенсија на своја страна во овие преговори го има и суперагентот, Хорхе Мендеш.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, токму Мендеш би можел да биде клучниот човек Икарди, сепак, да замине од Интер а кариерата да ја продолжи во Валенсија. Според последните информации веќе се водат интензивни преговори меѓу двата клуба, со вклученост и на Икарди, за негова преселба во Ла Лига.

Се вчитува...