Екипата на Валенсија претрпе шокантен пораз на домашен терен од Овиедо, во последниот натпревар од 7. коло во шпанската Ла Лига. Овој меч требаше да се одигра вчера, но поради обилните дождови, се одложи за денеска.
Столе Димитривски повторно беше на клупата, а неговиот соиграч прими два гола во финишот од средбата. Шокот за Валенсија е уште поголем ако се има во предвид дека при водство од 1-0, промаши пенал и шанса да го дуплира водството.
Сето тоа го казни Овиедо со два гола на Илиќ и Рондон за само две минути, во 85. и 86. минута.
Претходно Данјума стрелаше за Валенсија во 4. минута, а истиот играч го промаши и пеналот во 79. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

