Фудбалскиот клуб Валенсија, официјално забрани продажба на семки и секакви видови на „занимација“ на својот стадион „Месталја“, а забраната почнува да се применува од 5. август годинава и натпреварот против Астон Вила.
Причината за ваквиот потег на шпанскиот клуб е појавата на глувци и разни глодари на стадионот, поради тоа што клубот често е принуден да користи бучни машини, кои, пак, им пречат на соседните згради околу стадионот.
Од клубот наведоа дека семките предизвикуваат здравствени проблеми, ги затнуваат одводните цевки и доведува до појава на глодари. Стадниот „Месталја“ прима околу 50.000 навивачи, а изграден е пред 100 години. Веќе неколку години наназад се гради новата „Месталја“, но на неговото завршување не се гледа крајот поради финансиски проблеми.
Сепак, во оваа забрана постои „дупка“ која вели дека гледачи може да внесат семки на стадионот, но под услов остатоците да ги фрлаат во посебна кеса, која потоа ќе ја изнесат надвор од трибините.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

