АП Брера Струмица утре во Кавадарци му гостува на Тиквеш во четвртфиналето од Купот на Македонија.
Тренерот на струмичани, Џовани Валенти, вели дека очекува исклучително тежок натпревар но целта на неговиот тим е пласман во полуфиналето од Купот, па ќе се обидат да дадат максимум како би го оствариле својот сон.
„Тимот е подготвен, сите се мотивирани за овој посебно важен меч за нас. Ние сите во клубот имаме свој сон за оваа сезона и ќе дадеме се од себе за да го оствариме нашиот сон“ – вели Валенти, притоа дополнувајќи:
„Непосредно пред мечот ќе одлучиме кои ќе бидат стартерите на утрешниот натпревар. Тиквеш покажа досега низ сезонава дека се работи за многу квалитетен тим, но добро ги анализиравме следејќи ги нивните последни натпревари против Гостивар и Силекс. Ќе биде тешко бидејќи знам дека условите во Кавадарци не се најдобри. Ова за нас ќе биде голем предизвик и сигурен сум дека ќе настапиме со силен мотив и желба за триумф“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА