Стратегот на македонскиот прволигаш АП Брера, Џовани Валенти во пресрет на квалификацискиот дуел меѓу Македонија и Италија во поопширно интервју за „Кориере дело спорт“ со осврт и за утрешната пресметка која ги чека двете репрезентации на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Италијанците и тоа како се желни за одмазда за поразот во Палермо кој, како што вели Валенти, ја променил и целокупната фудбалска историја на Македонија.
Според Валенти, по таа победа и тоа како пораснале амбициите на македонската јавност која сега чека постојани победи од националниот тим против врвните европски репрезентации.
„Да бидеме реални, таа победа во Палермо ја промени фудбалската историја во Македонија, пред се околу амбициите на јавноста која сега постојано очекува многу. Поразот во Англија беше многу тежок за Македонците, но вистината е дека потежок беше поразот од Украина после едно водство од 2-0. Сепак, нивото на македонската репрезентација е подигнато последните години, без разлика на јунските порази. Тешко е да се очекува да бидете рамноправни со една Англија, но сигурно Македонија има уште предизвици во овие квалификации“ – вели Валенти меѓу другото во интервјуто за „Кориере дело спорт“.
На прашањето да издвои таленти за кои би се слушнало од Македонија во следните години, Валенти со став…
„Има две имиња за кои наското ќе чуете, едниот е 17-годишниот Анреј Велков а втоиот, Мартин Ѓоргиевски роден во 2005 година“ – вели Валенти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА