Валентин Кочоски одново во дресот на Струга ТЛ

Валентин Кочоски одново ќе го носи дресот на Струга ТЛ во новата сезона. Играчот од средниот ред повторно се враќа во тимот после две години, откако настапуваше во Воска Спорт и во Силекс. Ова ќе биде третпат Кочоски да потпишува за стружани.

Кочоски, кој одигра приближно 200 натпревари во Првата лига, одигра цели 80 натпревари за Струга Трим Лум, вклучувајќи 4 натпревари во европските натпреварувања.

28-годишникот потпиша двегодишен договор во присуство на спортскиот директор Бесарт Исаку, кој му посака ново добродојде на играчот. 

Тој веднаш беше регистриран и ќе има право за настап веќе денеска на стартот од новата сезона во кој Струга ТЛ го пречекува тимот на Македонија ЃП во првото коло.

Се вчитува...