Петнаесет години по првата шампионска титула, Монпелје има шанса утре повторно да биде на врвот на Европа. Францускиот тим кој од „долниот дом“ во ЛШ, од групата Д, стигна до финалето на Ф4 во Келн и патем урна три поранешни шампиони. По Барселона и Фленсбург во полуфиналето падна и Вардар. Клучно во подвигот на Мопелје е психолошката стабилност на тимот, истакнува Валентин Порт кој со осум гола беше најефикасен во полуфиналето против Вардар. Пред четири дена Монпелје неочекувано ја загуби титулата во Франција, но разочарувањето брзо беше надминато.
„Ова беше навистина тежок меч. Во вторникот моралот ни бешена нула. Денеска моѓеше да биде истото сценарио. Но, ние бевме психички силини на терен и успеавме да победиме. Сега трба брзо да се рекуперираме. Утре не чека исклучително тежок натпревар. Се уште ништо не сме освоиле“ – изјави Валентин Порт.
Во француското финале на Ф4 турнирот во Келн, утре (18 ч.) за титулата ќе играат Монпелје и Нант, а Вардар и ПСЖ за 3.место (15.15 ч.).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА