Валентина Радуловиќ реши да се врати на ракометните терени, а долгогодишната македонска репрезентативка и на 46-годишна возраст во дресот на Шампион покажува дека се уште го владее овој спорт.
Таа беше меѓу најзаслужните за денешната победа од 23-25 што Шампион ја забележа на гостувањето во Битола против Феникс. Ракометарките на Шампион цело време го контролираа резултатот, но битолчанки успеаја да се приближат на „минус еден“, за Радуловиќ со два гола во завршните минути да стави печат на победата.
Ветеранката со пет погодоци беше меѓу најефикасните на натпреварот, зад Димитриевска, која постигна осум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА