Валентино Роси бил на чекор да стане Формула 1 возач

Еден од најголемите моторциклисти на сите времиња, Валентино Роси призна дека во 2006 година бил на чекор да премине во Формула 1.

Италијанецот имал понуда од Ферари, размислувал долго но на крајот одлучил да остане во спортот кој го сака најмногу.

„Во февруари во 2006 година бев на тестирање во Валенсија. Предлогот за Формула 1 беше навистина сериозен. Не би бил веднаш во Ферари, требаше да бидам најпрво тест возач но одбив се“ – вели седумкратниот светски шампион кој во февруари полни 41 година.

Роси и натаму тврди дека нема намера да се откаже од натпреварувањето во Мото ГП шампионатот.

Се вчитува...