Валентино Роси одби да се ракува со Марк Маркез на најавната прес -конференција во пресрет на Мото ГП трката во Сан Марино. Релациите меѓу двајцата мотоциклисти се нарушени уште од сударот кој го имаа на Сепанг во 2015 година. Формално се смирија нешто подоцна, но релацијата повторно се залади во април на трката во Аргентина кога Роси тврдеше дека Маркез намерно го удрил и предизвикал судир.
Маркез не е омилен и кај останатите возачи во Мото ГП шампионатот. Тој е лидер во актуелната сеозна, со 59 бода повеќе пред Роси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА