Валентино Роси: Сакам да бидам десеткратен шампион

Еден од најуспешните мотоциклисти во историјата, единствениот кој има светски титули во четири различни категории и вкупно девет трофеи од кои седум во најсилната конкуренција, Валентино Роси во Мото ГП шампионатот ќе остане најмалку до 2020 година. Сепак, тој смета дека на неговата Јамаха и требаат големи подобрувања за повторно да биде конкурентна за борба за највисок пласман и шампионска титула.

„Нормално дека нова светска титуала би ме направила среќен. Би сакал да бидам десеткратен светски шампион. Но, бројките во суштина не ми се толку важни. Јас пред се возам за да уживам и затоа што сакам да победувам на трките. Но, Јамаха мора многу да работи на подобрување на моторот за да биде конкурентна со Хонда и со Дукати“ – вели Роси.

Во 2018, Роси шампионатот го заврши на третата позиција зад Марк Маркез и зад Андреа Довициозо, Јамаха исто така беше третопласирана во конкуренција на конкструктори зад Хонда и зад Дукати.

 

Се вчитува...