Валеро Ривера пак ќе игра заедно со Кире Лазаров

Левото крило на Барселона, Валеро Ривера, од следната сезона се враќа во францускиот Нант за кој настапува и македонскиот капитен Кирил Лазаров. Од поранешните играчи на Барселона во актуелниот состав на Нант се уште и Шпанците Едуардо Гурбиндо и Давид Балагуер.

На негово место во Барселона доаѓа Данецот Каспер Мортенсен кој со каталонскиот тим потпиша тригодишен договор.

Според шпанските медиуми, договорот на Ривера со Нант чека само официјална потврда. Шпанскиот репрезентативец е дете на Барселона во која ги мина сите младински категории, а потоа ја продолжи својата кариера во неколку шпански клубови(Сарагоса, Алгесирас, Виго и Гвадалахара). Во 2010 година, Ривера се пресели во Нант и во наредните шест години во Франција доживеа полна афирмација и стана најдобар играч на Нант, а во меѓувреме и зет на тренерот Тиери Анти. По две години минати во Барселона, шпанскиот репрезентативец реши повторно да се врати во Нант.

Покрај Ривера на крајот од сезоната од Барелона си заминуваат уште и Борко Ристовски и Виран Морос. А, нови имиња во таборот на Чави Пасквал  од она што е досега официјализирано ќе бидат Лудовик Фабрегас (Монпелје), Кевин Мелер (Фленсбург), Тиагус Петрус (ПИК Сегед) и Каспер Мортенсен (Хановер).

Се вчитува...