Камила Валиева, 15-годишната Русинка која влезе во центарот на скандалот на ЗОИ во Пекинг, доби дозвола да се натпреварува во уметничко лизгање.
Валиева успеа да освои злато во екипното натпреварување, и воодушеви кога стана прва жена која направи четикружно вртење. Оваа 15-годишна спортистка го воодушеви Светот, а потоа влезе во скандал откако беше објавено дека на 25. декември паднала на допинг тестот затоа што била позитивна на триметазидин.
Поради тоа е одложено доделувањето на медалите, а ЦАС покрена брза истрага. Валиева на крајот ќе се натпреварува, но ако освои медал, нема да има церемонија на доделување.
Валиева сведочеше и пред ЦАС за овој случај, и многумина изненади со оправдувањето зошто била позитивна.
„Аргументот беше дека тоа се случило затоа што ги помешала таблетите со нејзиниот дедо, и случајно ги земала“, рече Денис Освалд, претседателот на Дисциплинската комисија на меѓународниот олимписки комитет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА