Русинките стигнаа до тројна победа во женскиот дел од натпреварите во уметничко лизгање на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година. „Чудото од дете“ Камила Валиева попушти под притисокот кој што го имаше од светската јавност изминатиов период и откако направи многу грешки во слободниот дел на крајот стигна само до четвртото место.
Златото и припадна на нејзината сонародничка и актуелна светска шампионка Ана Шчербакова која по краткиот и слободниот дел освои вкупно 255.95 поени. Со среброто се закити третата Русинка, Александра Трушова која заврши со 251.73 поени, додека бронзата ја освои Јапонката, Каори Сакамото.
На натпреварите во уметничко лизгање остануваат уште спортските парови кои на програмата се утре и во сабота.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА