Џејкоб Вајли и неговиот Реал Бетис стигнаа до голем триумф во битката за опстанок во шпанската Ендеса лига. Тие вечерва на гостински терен славеа над Манреса со 96-102.
Гостите одлично го отворија мечот и по првата четвртина имаа предност од осум поени 18-26. Ова водство успеаја да го задржат до крајот на првото полувреме и на пауза да заминат со предност од 43-51. Домаќините одиграа одличен трет период во кој ја анулираа предност на Бетис и пресрет последните десет минути влегоа со негатива од само еден поен 69-70.
Сепак, Вајли и соиграчите беа посконцетрирани во последниот период што резултираше со конечен триумф од 96-102. Џејкоб Вајли натпреварот го заврши со 10 поени и пет скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА