Валмиера израмни во 45. минута: Шкендија има 1-1 на полувремето во Рига (ВИДЕО)

Шкендија има 1-1 по првото полувреме на гостувањето против летонска Валмиера во Рига во 2. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига.

Тетовци беа многу подобар тим на теренот, уште во 9. минута доаѓајќи до предност од 0-1 на стадионот на Даугава во Рига, со погодокот на Љупче Дориев.

Но, Валмиера со голот на Гуеје во 45. минута успеа да дојде до израмнување.

Шкендија во третата минута од судиското продолжение имаше можност повторно да дојде до предност, но Бејтуали ја погоди само гредата од голот на домашните.

Се вчитува...