Валмир Какруки пред преселба во Приштина

Валмир Какруки кариера најверојатно ќе ја продолжи во Приштина. Косовскиот клуб изразил голем интерес за македонскиот репрезентативец кој доколку успее да најде заеднички јазик со тимот од главниот град ќе тргне по стапките на браќата Лејсон и Јетмир Зеќири.

Дваесетиедногодишниот центар претходната сезона беше дел од Работнички за кој одигра 32 натпревари. Во просек забележа 10.2 поени и 5.8 скока со што беше еден од клучните играчи на нашиот најтрофеен тим.

Добрата сезона со скопскиот клуб му донесе и место во репрезентацијата на Македонија за која настапи на квалификациите за Светското првенство 2023 на натпреварите против Грузија и Украина.

Се вчитува...