Валмир Нафиу потпиша за Малишева (ФОТО)

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Валмир Нафиу својата кариера ја продолжува во косовскиот прволигаш Малишева.

31-годишниот Нафиу важеше за еден од најталентираните македонски фудбалаери низ своите младински фудбалски денови кој во 2013 година беше дел и од германски Хамбургер.

Последниот негов клуб беше Феризај, од каде сега продолжува во Малишева. Нафиу претходно во кариерата настапуваше и за тетовска Шкендија како и за Ренова.

Се вчитува...