Екипата на Работнички доби големо име во своите редови. Станува збор за Валон Ахмеди, екс играчот на Шкендија кој дојде во тимот од Дебар Маало како слободен агент.
Екс играчот на Марибор, Интер Запрешиќ и Шахтјор Солигорск, му се приклучи на тимот на Горан Станиќ за пролетниот дел од сезоната, и ќе се обиде со своето искуство да му донесе на тимот добри резултати, кои може да бидат клучни за освојување на титулата.
Тој есента играше за Шкендија, со која изненадувачки се раздели по завршувањето на првиот дел од сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

