Македонскиот репрезентативец Валон Етеми го постигна шестиот гол сезонава во дресот на Истанбулспор носејќи бод (1-1) за својот тим на дуелот против Газијантеп во 18. коло од Суперлигата на Турција.
Газијантеп буквално до последните секунди имаше предност од 0-1 на гостувањето против Истанбулспор.
Но, Етеми во 12. минута од судиското продолжение прецизно стрелаше од пенал за конечни 1-1.
İstanbulspor 1-1 Gaziantep FK
90+11′ Valon Ethemi (PEN)
— zack💚 FAST GOALS (@GoalsZack) January 9, 2023
Истанбулспор го очекува тешка битка за опстанок, останувајќи на последната позиција од табелата сега со 12 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА