Македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер го назначи наследникот на Жељко Бабиќ на кормилото на клубот. 56-годишниот Ларс Валтер од денеска е предводник на Еурофарм Пелистер и прв тренер од Скандинавија кој доаѓа во Битола.
Валтер има долгогодишно искуство и многу трофеи во тренерската кариера. Тој во првата изјава за клубот вели дека е горд што е дел од овој историски клуб.
„Уште еден нов предизвик. Многу сум горд што сум дел од овој историски клуб. Сега сите мора да работиме напорно за да го вратиме Еурофарм Пелистер каде што му е местото. Едвај чекам да се сретнам со неверојатните навивачи, играчите и стручниот штаб. Се гледаме сите во Битола“, изјави новиот предводник на Еурофарм Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА