Еурофарм Пелистер е поразен од тимот на Архус во Европската лига со 27-30. И покрај тоа што ја имаше поддршката од публиката, битолскиот тим не можеше да се справи со противникот.
Тренерот Ларс Валтер истакна дека е задоволен од играта во првите 20 минути, но потоа неочекувано и несфатливо неговите ракометари застанале, и играле премногу индивидуално.
„Честитки за победата за Архус. Започнавме одлично, првите 20 минути беа супер, но потоа едноставно прекинавме да играме. Тие направија серија 9-2 која беше клучна за овој пораз, а ние во тие моменти игравме премногу индивидуално и правевме грешки“, рече Валтер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА