Дербито во Италија помеѓу Рома и Наполи, му припадна на тимот на „волчицата“ со 2-0. Во интересно ддерби во кое имаше многу борба, црвени картони, вербални пресметки, на крајот домашните се радуваа на победа, а во голема мера им помогна тоа што Наполи го заврши мечот со девет играчи по исклучувањата на Политано и на Осимен.
Проблемите за актуелниот шампион на Италија продолжил и по завршувањето на мечот. Имено тимскиот автобус заминал без тренерот Валтер Мацари, а да е се посмешно ниту еден од фудбалерите или стручниот штаб не приметиле дека тој недостига.
Мацари предолго се задржал на прес-конференцијата, а за тоа време автобусот си заминал. Па потоа морал да плати такси за да отпатува 220 километри до Неапол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

