Поранешниот спортски директор на Рома, Валтер Сабатини, е именуван за нов технички директор на Интер, и од новите кинески сопственици од конзорциумот „Сунинг“ ќе биде задолжен за координирање на сите значајни работи во клубот од „Џузепе Меаца“. Тој треба да ја одигра главната ролја за ангажман на Лучано Спалети, актуелниот стратег на Рома, кој најави дека ќе си замине од „Олимпико“ на крајот на сезоната.
Интер синоќа го отпушти Стефано Пиоли, а првенството ќе го заврши со Стефано Веки на кормилото на сениорскиот тим. Големи желби на раководството на Интер беа Антонио Конте и Диего Симеоне, но и двајцата ја одбија понудата на „нероаѕурите“, па сега како најреална опција се споменува ангажманот на Спалети.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА