Валтер Таварес е апсолутен рекордер во Евролигата

Центарот на Реал Мадрид, Валтер Таварес официјално е најдобриот скокач во Евролигата по натпреварот против Макаби Тел Авив, средба во која со 11 остварени скокови стигна до импресивната бројка „2016“.

Репрезентативецот на Зеленортски острови до оваа бројка стигна на 297 одиграни натпревари и го надмина рекордот на Литванецот Паулиус Јанкунас кој до 2010 скокови стигна по 392 одиграни натпревари.

221 сантиметри високиот кошаркар во Евролигата освои и две шампионски титули со неговиот Реал Мадрид во 2018 и 2023 година.

Се вчитува...