Валтер Таварес е МВП на Ф4 турнирот во Евролигата

Кошаркарот на Реал Мадрид, Валтер Таварес е прогласен за најкорисен играч на завршниот турнир во Евролигата, кој се одржуваше во Каунас.

Кралскиот клуб во одлично финале го победи Олимпијакос со 79-78 и по 11. пат во историјата стана европски шампион.

Репрезентативецот на Зеленортските Острови, исто како и во четвртфиналната серија против Партизан и во поголемиот дел од сезоната, беше клучен играч на патот до неочекуваниот успех на „кралевите“.

 

Се вчитува...