Кошаркарот на Реал Мадрид, Валтер Таварес на натпреварот против Жалгирис стана најдобриот блокер во историјата на Евролигата. Центарот на кралскиот клуб на вечната листа го престигна Брајан Данстон, а против Жалгирис ја забележа 318. рампа во елитното кошаркарско натпреварување.
Асот на Ефес и понатаму е на 317, додека Кајл Хајнс со 295, Фран Васкез со 249 и Алекс Тиус со 222 заостануваат. Таварес има 30 години и е член на Реал Мадрид од 2017 година.
Двапати беше во првата петорка на Евролигата, двапати беше најдобар одбранбен играч, додека титулата европски првак ја освои во 2018 година.
The new 𝐀𝐋𝐋-𝐓𝐈𝐌𝐄 𝐋𝐄𝐀𝐃𝐄𝐑 𝐈𝐍 𝐁𝐋𝐎𝐂𝐊𝐒 is @waltertavares22 🏆
Tavares becomes the new leader with this rejection⛔️#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/TeYjzC02cb
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) December 15, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА