Валтери Ботас до пол-позиција на Имола

Финецот Валтери Ботас во Мерцедес ја освои пол-позицијата за трката за Големата награда на Eмилија Ромања која ќе се вози на патеката Имола.

Ботас до пол-позицијата стигна пред својот клупски колега Луис Хамилтон. Од вториот стартен ред на гридот утре ќе тргнат Макс Верстапен од Ред Бул и Пјер Гасли од Алфа Таури. Во топ 10 уште се најдоа  и  Даниел Рикардо, Aлександер Албон, Шарл Леклер, Данил Квајт, Ландо Норис и Карлос Сајнц.

Трката за големата награда на Емилија Ромања е закажана за утре од 13:10 часот.

 

Се вчитува...