Валтери Ботас го освои Мелбурн, двојна победа на Мерцедес

Валтери Ботас ја забележа четвртата победа во кариерата, прва на трката за Големата награда на Австралија откако беше најдобар на почетното натпреврување од Формула 1 шампионатот. Ботас на стартот го помина тимскиот партнер, Луис Хамилтон кој ја имаше пол позицијата и потоа лидерското место го задржа до крајот од трката.

За него ова е победа по пауза по повеќе од една година, последниот триумф му е од Абу Даби од 2017 година. Во минатата сезона, вториот пилот на Мерцедес немаше ниту една победа. Ботас во сезоната влезе со триумфот и со екстра бод затоа што ги имаше и најбрзиот круг на трката.

Хамилтон ги одби нападите на амбициозниот Макс Ферстапен на Ред Бул и ја задржа втората позиција за 135 -от подиум во кариерата. Ферстапен сезоната ја отвори со третото место и прв подиум на трката во Австралија.

Ферари сезоната ја почна скромно, надвор од победничкиот подиум, Фетел заврши на четвртото, а Леклерк на петтото место.

Следната Ф1 трка е по две седмици во Бахреин.

 

 

Се вчитува...