Валтери Ботас ќе тргне од пол позицијата на јубилејната трка со која се означува седумдесетгодишнината од Формула 1 на патеката Силверстоун во Велика Британија. Ботас во финишот на завршната сесија од квалификациите успеа да оствари подобро време од актуелниот шампион и тимска колега од Мерцедес, Луис Хамилтон и го спречи да ја запише и осмата рекордна пол позиција на оваа патека. За Ботас ова е 13-та пол позиција во кариерата, втора годинава.
Болидите на Мерцедес ќе го предводат караванот утре на трката од првиот стартен ред, во вториот ќе бидат Хико Хулкенберг и Макс Ферстапен.
Во пресрет на утрешното натпреварување, второ во две седмици во Велика Британија, Хамилтон има 88 бода, 30 повеќе од второпласираниот Ботас, третото место со 52 бода му припаѓа на Макс Ферстапен.
Минатата седмица на оваа патека славеше Хамилтон пред Ферстапен и пред Леклер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА