Валтери Ботас се врати во Мерцедес

Валтери Ботас по три години се врати во тимот на Мерцедес во Формула 1. Финецот ќе биде резервен возач на тимот во текот на следната сезона, а планира повторно да се врати на патеката во 2026 година. Ботас ќе биде резерва на Џорџ Расел и дебитантот Кими Антонели.

Во неговиот прв мандат во Мерцедес од 2017 до 2021 година, Ботас беше клупски колега со Луис Хамилтон, а запиша и десет победи.

„Враќањето во семејството на Мерцедес е најдоброто нешто што можеше да ми се случи“, изјави Валтери Ботас.

Од 2022 година, тој беше член најпрво на Алфа Ромео, која подоцна стана Заубер.

Се вчитува...