Валверде ги погоди замените, но Барса освои само еден бод

Барселона и на второто гостување остана без цел плен, ремизирајќи 2-2 на денешниот меч во Памплона против новиот прволигаш Осасуна.

Каталонците одиграа катастрофално прво полувреме во кое имаа негатива од 1-0 не упатувајќи ниту еден удар кон противничкиот гол, но Ернесто Валверде потоа ги погоди замените во второто полувреме. Најпрвин 16-годишниот Ансу Фати по влегувањето во игра постигна гол за израмнување, со кој стана најмлад стрелец во историјата на каталонскиот гигант. Нешто подоцна Артур постигна гол за целосен пресврт, но кога се чинеше дека Барса ќе стигне до трите бода, Осасуна успеа да израмни.

Пике играше со рака во сопствениот шеснаесетник, по што Торес со својот втор гол на мечот ги постави конечните 2-2.

Се вчитува...