Барселона игра очајно на гостувањата на стартот од сезонава, па на трите меча надвор од „Камп ноу“ каталонскиот гигант досега освои само еден единствен бод. Изданието на синоќешниот дуел со Гранада беше очајно, домашниот голман речиси и да немаше работа, поразот беше неизбежен, а тренерот Валверде ја презеде вината за најновото фијаско на својот тим.
„Можеби раниот гол го смени текот на натпреварот, но ние не смееме да дозволуваме да ни се случуваат такви работи. Едно е да играш, може и да се случи да загубиш, но со играта да заслужиш победа. Ние против Гранада не заслуживме ништо повеќе од пораз. Јас сум виновникот и секако дека сум загрижен, заедно со ЛШ одигравме вкупно четири средби надвор од Барселона и на сите бевме непрепознатливи. Тоа е проблем што мора да биде решен“ – изјави Валверде по најновиот неуспех.
Барселона веќе во вторник ќе го пречека Вилјареал, по што следниот викенд ја очекува незгодно гостување во Мадрид против Хетафе, обид да се поправи впечатокот по слабиот старт на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА