Валверде: Квалитетот на Дембеле не е спорен

Барселона во последните мигови од дербито на „Ванда Метрополитано“ успеа да се спаси од пораз (1-1). Осман Дембеле во 90.минута постигна израмнувачки погодок, анулирајќи го водството на домашниот тим, кое дојде преку Диего Коста. Тренерот на каталонскиот тим, Ернесто Валверде, вели дека Барселона одигра квалитетен меч и го пофали стрелецот Дембеле.

„Одигравме добар меч, но на крајот бевме во незавидна позиција. Сепак, успеавме да израмниме и можеме да бидеме задоволни поради тоа. Атлетико Мадрид е секогаш непријатен на домашен терен. Дембеле има неверојатни квалитети, тој е смирен во решавачките моменти, умее да го направи најдоброто за тимот. Но, има и карактеристики кои мора да ги подобри за да биде уште подобар фудбалер“, изјави Ернесто Валверде по ремито со Атлетико Мадрид.

Барселона е на првото место на табелата во Ла Лига со 25 бода, еден повеќе од Атлетико Мадрид. Севилја има 23 бода и денеска ќе го пречека Валјадолид на домашен терен, па си триумф може да се искачи на врвот.

Се вчитува...