Каталонскиот гигант Барселона доведе неколку значајни засилувања во средниот ред, пред се Фелипе Кутињо, Артуро Видал и Бразилецот Артур, но тренерот Ернесто Валверде има уште една засега неостварена желба. Тој го посакува на „Камп Ноу“, шпанскиот репрезентативец Саул.
Фудбалерот за врска на Атлетико Мадрид има договор со клубот до 2026 година, а неговата отштетна клаузула е 150 милиони евра. Но, и покрај тоа Барселона е подготвена да ја плати оваа огромна сума за да го доведе Саул во своите редови.
Покрај Саул, на списокот на желби на Валверде се наоѓа и младиот играч на Ајакс, Френки де Јонг. Тој би можел да пристигне на „Камп Ноу“ идното лето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА