Валверде: Навистина не знам како ќе го чуваме Меси

Репрезентаците на Аргентина и Уругвај во петок наутро ќе се сретнат во квалификациите за Светското првенство 2026 година.

Големите ривали ќе се сретнат во Буенос Аирес, а натпреварот ќе започне во еден часот по полноќ по централно европско време. Аргентина, која загуби само еднаш во последните 50 натпревари, ќе ја предводи Лионел Меси.

На другата страна ќе биде асот на Реал Мадрид, Федерико Валверде, кој на новинарите им призна дека не може да го запре Меси.

„Не знам како да го направам тоа. Никогаш не ми успеа. Играв неколку пати на Ел Класико против него и Касемиро секогаш имаше задача да го чува Меси. Тој беше добар, знаеше како да го спречи, но и не можеше целосно да го направи тоа. Мора да го почитувате Меси, бидејќи тој е еден од најдобрите играчи во светот“, изјави Валверде.

Се вчитува...