Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, не размислува да поднесе оставка и покрај шокантната елиминација од Ливерпул во полуфиналето во Лигата на шампионите. По победата на домашен терен од 3-0, Барселона на гостувањето кај Ливерпул загуби со неверојатни 4-0, а по триумфот во Ла Лига над Хетафе новинарите го прашаа Валверде дали размислува за заминување од каталонскиот гигант.
„Очекував да не исвиркуваат на почетокот на мечот. Како да не не исвиркуваат? Тоа е нормално. Но, сепак потоа знаев дека ќе застанат на наша страна и кога грешиме тие секогаш се со нас“, изјави Валверде, избегнувајќи да даде конкретен одговор.
Договорот на стратегот со Барселона е до крајот на следната сезона, а и покрај елиминацијата во Лигата на шампионите, тој сезонава со каталонците ја освои Ла Лига. На добар пат е да го освои и пехаерот во Купот на Шпанија, бидејќи Барселона во финалето ќе се сретне со Валенсија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА