Барселона чекори кон двојна круна во Шпанија, но голема болка на „Камп Ноу“ е раната и неочекувана елиминација во Лигата на шампионите. Каталонскиот гигант го освои трофејот во Купот на Шпанија, на прагот е на трофејот и во Ла Лига, но повторно се зборува за кризна ситуација. Можно е тренерот Ернесто Валверде по завршувањето на сезоната да го напушти клубот.
Но, сега се случува пресврт. Шпанските медиуми откриваат дека сега Ернесто Валверде размислува самиот да си замине од кормилото, доколку не добие целосна поддршка од раководството на клубот и од фановите, иако по елиминацијата од Рома во ЛШ наголемо се зборуваше дека му се подготвува отказ. Сигурно дека анализата на резултатите ќе следи по завршувањето на комплетната сезона, по што ќе бидат јасни и чекорите на каталонскиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА