Валверде самокритичен: Фрустриран сум од мојата игра

Фудбалерот на Реал Мадрид, Федерико Валверде изрази големо незадоволство од сопствената игра по дебаклот од градскиот ривал Атлетико кој во првото мадридско дерби оваа сезона славеше со преубедливи 5-2.

Ѕвездата на „кралевите“ имаше феноменална мината сезона, но не успеа да ја преслика играта и под водство на новиот тренер Чаби Алонсо по што вели дека е фрустриран.

„Фрустриран сум. Свесен сум како играм. Секој фудбалер знае кога не игра како што треба на теренот. Добро започнав во овој нов проект, но сега ми е тешко да се чувствувам пријатно. Ќе продолжам да давам се од себе како капитен и на теренот и надвор од него“, изјави Валверде.

Се вчитува...