Барселона продолжи во победнички стил во Ла Лига, совладувајчи го Еспањол во каталонското дерби со убедливи 5-0. Лионел Меси постигна хет – трик, а тренерот Ернесто Валверде го нарече „крал“ на фудбалот.
„Ова е голем триумф за нас. Победивме во еден мошне компликуван дуел, не беше така лесно како што говори резултатот. Но, среќни сме што го имаме „кралот“ на фудбалот во своите редови, Меси е едноставно неверојатен, неповторлив. Одлични беа и сите останати, драго ми е што се врати и Суарез, што дебитираше Дембеле. Сепак, почеток на сезоната и ќе треба да бидеме уште подобри во продолжението од шампионатот“, изјави Валверде.
Тренерот на Барселона не сакаше да го коментира „киксот“ на Реал Мадрид.
„Јас сум тренер кој сака да гледа во својот двор. Сите имаме проблеми во одреден период од сезоната. Се надевам дека Барселона ќе ги мине безболно и без последици“, истакна Ернесто Валверде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА