Валверде: Видал е воин, ќе биде големо засилување за Барселона

Чилеанскиот интернационалец Артуро Видал во наредните три сезони ќе го носи дресот на Барселона. Каталонскиот гигант реагираше експресно и го „украде“ пред носот на Интер, а тренерот Ернесто Валверде е задоволен што ќе го има во тимот досегашниот играч за врска на Баерн Минхен.

„Видал е воин, ќе ни донесе цврстина во средниот ред. Тој ќе биде големо засилување за нас. Со него ќе имаме многу поголема енергија, во тоа сум сигурен. Артуро е искусен фудбалер и дефинитивно ќе ни биде од голема полза, посебно на важните натпревари во сезоната“, изјави тренерот на Барселона, Ернесто Валверде.

Се вчитува...