Валверде за конфликтот со Чаби: Никогаш во животот…

Шпанските медиуми пишуваат за тензии во тимот на Реал Мадрид, а главни актери се тренерот Чаби Алонсо и Уругвајецот Федерико Валверде.

Во пресрет на натпреварот против Каират во Лигата на шампионите, Алонсо го замолил Валверде да се подготви за играње на позицијата десен бек, на што играчот одговорил дека „не е роден да игра на позицијата бек“.

Затоа остана на клупата за време на гостувањето во Казахстан, а новинарите забележаа дека неговиот говор на телото покажува големо незадоволство. Валверде последен влезе на теренот, а во второто полувреме се загреваше сам покрај аут линијата.

Набрзо играчот, кој е член на Реал од 2017 година, се огласи околу целата ситуација.

„Прочитав неколку статии што ми го нарушуваат угледот. Свесен сум дека имав лоши натпревари, не го кријам тоа и секогаш сум подготвен да се соочам со критики. Луѓето можат да кажат многу работи за мене, но сигурно не дека одбив да играм. Дадов сè што имам за овој клуб, играв повреден, никогаш не се жалев и не барав пауза или одмор. Имам добар однос со тренерот, доволно добар за да имам самодоверба да му кажам на тренерот која позиција ја претпочитам. Но, секогаш ставав до знаење дека сум подготвен да играм насекаде на секој натпревар“, изјави Валверде. 

Се вчитува...