Барселона по два меча против Леванте се пласираше во четвртфиналето на шпанскиот куп, но на каталонскиот тим му се заканува исфрлање од натамошното натпреварување поради настапот на дефанзивецот Хуан Брандариз во првиот дуел од осминафиналето.
19-годишниот Брандариз немал право за настап поради суспензија од пет жолти картони, а жалба токму поради тоа поднесе и Леванте.
Иако не беше расположен за разговор за спорната ситуација, тренерот на Барселона, Ернесто Валверде сепак се огласи на темата…
„Нема сомнеж. Не направивме ништо спротивно на правилата. Не се чувствуваме виновни. Постапивме во согласност со правилникот. Знаевме за статусот на фудбалерот, знаевме дека е суспендиран но знаевме и дека имаме право да го користиме во куп натпреварувањето“ – појасни Валверде.
Со оглед на тоа дека ждрепката за четвртфиналето е денеска, статусот на Барселона сигурно ќе биде познат во текот на денешниот ден.
Во четвртфиналето на шпанскиот куп пласман понатаму обезбедија Реал Мадрид, Гетафе, Реал Бетис, Севилја, Валенсија, Еспањол, Џирона и Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА