Валверде: Зошто да одам во С.Арабија кога играм во најдобриот клуб на светот?

Играчот на Реал Мадрид Федерико Валверде, нема предизвик да замине во Саудиска Арабија за далеку поголема плата.

Тој кажа дека нема никакви шанси да замине во некој од клубовите од оваа земја, и да му понудат 30 милиони евра годишно.

„Нема шанси да одам во Саудиска Арабија. 10, 20 или 30 милиони евра нема да ми го променат животот на ниту еден начин. Играм во Реал Мадрид, најдобриот клуб во светот. Ми се допаѓа животот во Мадрид, и истото можам да го кажам и за моето семејство“, изјави Валверде.

Валерде е дел од Реал Мадрид од 2015 година. Оваа сезона одигра 26 натпревари за „кралевите“, а има договор со Реал до 2029 година.

Се вчитува...