Ван Бастен: Фудбалот би бил многу подобар без офсајд, верувам дека може да се игра и без ова правило!

Легендарниот напаѓач Марко ван Бастен, верува дека фудбалот би бил многу подобар и повозбудлив без офсајд. Во последно време, многу аналитичари дебатираат за офсајд, а сега се појави еден од најдобрите играчи на сите времиња кој даде свој коментар на оваа тема.

Тој е убеден дека ова правило не е добро за фудбалот.

„Сè уште сум многу љубопитен за правилото – офсајд, бидејќи сум убеден дека ова не е многу добро правило. Во најмала рака, би сакал да се обидам да покажам дека е можен фудбал без офсајд. Убеден сум дека без офсајд, фудбалот ќе биде подобар. Фудбалот е неверојатна игра, но мислам дека треба да сториме многу повеќе за да ја направиме играта да биде уште подобра, позабавна, поинтересна и повозбудлива. Ние мора да работиме на тоа. Ако погледнете како времето обично поминува додека некој лежи на терен повреден, или пак се влечи на терен при измена … Тогоаш ќе разберите дека луѓето не сакаат тоа да го гледаат. На луѓето им треба акција. Тоа лошо влијае на фудбалот“, рече Ван Бастен.

Се вчитува...