По пристигнувањето во Македонија, техничкиот директор на ФИФА Марко Ван Бастен реализираше и посета на Академија на ФФМ и најмладите нејзини членови.
Ван Бастен го разгледа и новиот капацитет во рамките на комплексот „Куќа на фудбалот“ кој треба да донесе дополнителни услови за напредок на најмладите категории македонски фудбалери.
„Ова е навистина прекрасен објект кој во секој случај сигурен сум дека ќе донесе далеку подобри услови за фудбалски напредок на најмладите. ФФМ многу вложува за најмладите и тоа сигурно е за поздравување“ – истакна Ван Бастен за време на посетата на Академијата на Фудбалската федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА