Тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг одново е мета на критичарите по новиот лош старт на сезоната. „Црвените ѓаволи“ не се прославија во Премиерлигата, ниту на стартот на натпреварувањето во Лига Европа забележувајќи само три победи, четири порази и два нерешени натпревари во сите конкуренции.
Дури и најверните навивачи на Манчестер Јунајтед повеќе немаат доверба во холандскиот стратег, поготово по сумата од 650 милиони евра која ја потроши на нови трансфери. 50 милиони евра од нив беа одвоени за ангажман на Мануел Угарте, 23-годишникот кој пристигна од ПСЖ.
Уругваецот пристигна на „Олд Трафорд“ на барање на Тен Хаг, а поради лошата игра сега неговиот тренер трпи остри критики од легендарниот Марко ван Бастен.
„Го гледам Јунајтед и гледам како новиот играч се влече на терен. Тоа е Мануел Угарте кој е платен 50 милиони евра. Како тој тип се влече на натпревар? Идиотски е колку Тен Хаг инвестираше во играчи кои воопшто не се добри.
Кажете ми барем еден врвен играч во Манчестер Јунајтед. Во секој голем клуб има барем по еден, но во Јунајтед не. Рашфорд е катастрофа. Бруно Фернандеш е добар играч, Онана добар голман и тоа е тоа. Касемиро е готов, Гарначо е солиден, но нема кој да го повлече клубот“, вели Ван Бастен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА