Ван Бастен: УЕФА мора да ја поправи грешката

Легендарниот холандски фудбалер Марко ван Бастен вели дека не видел ништо погрешно во ударот на Хулијан Алварез против Реал Мадрид.

Во европските рамки, особено во Шпанија, тема број еден и натаму е поништениот гол на Хулијан Алварез во пенал рулетот на реваншот меѓу мадридските ривали. Се уште виси дилема во воздухот дали Аргентинецот имаше два допири на топката пред ударот.

По многубројните мислења од двата табора, но и навивачите, експертите и УЕФА ја дадоа својата пресуда со приложеното видео кое можеби најдобро ја покажува контроверзната ситуација.

Без разлика дали едните или другите се во право, многумина се согласуваат дека правилото мора да се измени. На ист став е и легендарниот Холанѓанец Марко ван Бастен, кој на својот Инстаграм профил даде свое мислење за ситуацијата за која се зборува.

„Јас не сум навивач на Реал или Атлетико, но Хулијан Алварез еднаш ја допре топката. УЕФА има обврска да ја поправи грешката“, напиша Ван Бастен.

Се вчитува...